Луксузните домови од новата генерација можат да бидат прочистени и суптилни во својата интерпретација или истите да бидат китнести и екстравагантни. Токму ваков пример на екстравагантен дом кој користи доста китнест стил е следниот пример на стан кој се наоѓа во Париз.
Одма на почетокот може да се забележи дека овој дом не ги користи „обичните“ начини на обликување на просторот, туку, настојува на сопствен стил. Овој дом има мебел кој е модерен и современ но истовремено и осветлување кое носи во себе класична нота и делови од рококо стилот.
Овој простор сместен во некоја прекрасна зграда, во мансардното поткровје на истата, сам по себе има класична нота во себе. Ова, надополнето со украсите и одредени ентериерни елементи, како на пример каминот во дневниот простор, кој исто така е класично интерпретиран, даваат целокупна слика на луксуз, раскош но и современост и софистицираност во исто време.
Светлите бои во кој е материјализиран мебелот, како и одредени свежи детали во овој простор, му даваат на истиот доволно свежина и простор да дојде до израз класичното опкружување на истот.
Китнестите стилови сами по себе имаат богат и луксузен изглед, но во овој пример истиот е надополнет со употреба на добри и скапи материјали кои вака одлично се вклопуваат меѓусебно.