Насловна / Архитектура / Експресивна филхармонија во Szczecin, Полска

Експресивна филхармонија во Szczecin, Полска

Филхармонијата во Szczecin, Полска проектирана да собере симфониска сала и сала за камерна музика, е мошне сложен објект кој го зафаќа истиот простор како и неговиот претходник. Ова е синтетички дизајн кој споделува идентификациски елементи од околниот контекст и каде што преовладуваат масата, вертикалноста и обликот на кровните линии.

1_resize

Филхармонијата сместена во центарот на градот непречено се вклопува во архитектурата на крајбрежниот Szczecin. Објектот од 13.000 квадратни метри е проект на бирото BAROZZI VEIGA, основано во 2004 година во Барселона од архитектите Fabrizio Barozzi и Alberto Veiga.

2_resize

Објектот е полн со изразена сила, концентрирана во формата на покривот и неговиот периметар обликуван како круна. Оваа сила е резултат на влијанието на одредена средноевропска експресионистичка архитектура. Однадвор, зградата се доживува како бестежински волумен во кој алуминиумската и стаклената фасада – понекогаш транспарентна, понекогаш нетранспарентна – оддаваат изразни квалитети во зависност од употребата.

7_resize

Привидната строгост на ансамблот е во остар контраст со експресивноста на главната сала, која е замислена како парче златна изработка, во согласност со класичната традиција на дизајнот на концертна сала во Средна Европа. Декорот – и украсен и функционален – изведен е во склад со традиционалните локални занаети, заснован на компонента обложена со златни листови. Од акустични причини, степенот на фрагментација на овој елемент следи геометриска низа која се зголемува во однос на неговото растојание од сцената.

3_resize

13_resize

Како и останатите проекти на BAROZZI VEIGA, филхармонијата е проектирана со одреден степен на формална автономија, обидувајќи се да изгради зграда која е специфичен дел од контекстот, но истовремено и независна од него.

8_resize

Објектот е добитник на многу меѓународни архитектонски награди меѓу кои: EU Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award – 2015, Grand Prix – award for the Best Architectural Building in Poland constructed in 2013-2014, Polish Architecture XXL Award for the “Best Public Utility Building”, “Building of the 25 years – Symbol of Transformation”- Westival 2014, финалист во категорија “architecture” на “Designs of the Year” во организација на London Design Museum.

6_resize

Она што истот така е карактеристично за овој објект е користење на многу производи од Кнауф во ентериерот, вклучувајќи плочи за обложување и подни и плафонски системи за единствени конструкции со суво поставување.

4_resize

Кнауф W623 облоги се користи во конференциската сала, како и двојна облога со Кнауф GKB 15 мм и модифициран Кнауф D116 со обесени акустични абсорбери. Во кафулето, изграден е иновативен плафон, кој се состои од слој од огноотпорни панели, втор слој од панели Silentboard и Diamant и трет слој од панели Cleaneo. Покрај тоа, Aquapanel Outdoor Systems користени се во подземниот паркинг, а системот Кнауф W626 е инсталиран во техничките простории.

12_resize

Испрати коментар

Scroll To Top