Центарот за веслање во Pocinho е проект на Alvaro Andradre, и е сместен во една од најубавите и најидиличните долини во светот – долината Douro, едно од местата каде што се одржуваат првенствата на овој спорт.
Проектот е структуиран во три клучни компоненти: социјална зона, домување и вежбање. Целиот проект е реинтерпретација на два секуларни елементи на пејзажот во долината: терасестиот ѕид кој е повторлива форма за домување во местото, и големи бели волумени на производствените единици, распоредени долж теренот. Токму овие две компоненти го формираат волуменскиот диверзитет на комплексот.