--> -->
-->
Насловна / Архитектура / ЕКСПО Белград 2027 не е само настан, тоа е градење на иднината во реално време

ЕКСПО Белград 2027 не е само настан, тоа е градење на иднината во реално време

Во целост ја пренесуваме визјата и начинот на реализација на значајниот настан, светската изложба која ќе се одржи во Белград, на Данило Дангубиќ, главeн архитект на ЕКСПО 2027 Белград. Изјава дадена за српскиот магазин „Време”.

Уште од првата Голема изложба во Лондон 1851 година, светските изложби биле своевидни урбанистички акцелератори, места каде архитектонските визии добвале реални контури, често пред своето време. Во расчекор меѓу амбициите и реалноста, во кој ЕКСПО еднакво често оставал трага во матерјалот и колективното помнење и станувал несакано наследство без јасна функција, едно прашање секогаш повторно се поставува: што останува кога ќе се изгасат светлата на рефлекторите?

Одговорот на ова прашање беше појдовната точка на Мастер планот ЕКСПО 2027 Белград, првата специјализирана изложба на Западен Балкан. Не е план овој настан да трае само 93 дена. Тоа не смее да биде простор на привремен занес, туку долгорочно влијание, место кое не исчезнува, туку се трансформира.

Свесни на разикот си поставивме две задачи: да ја предупредиме стапицата изградба без визија за наследството и да поставиме нов стандар за одржливост, и тоа не само за Србија. Така се роди визијата за првиот 100 отсто „legacy“ ЕКСПО – изложба чие наследство ќе живее долго по нејзиното завршување.

Современиот ЕКСПО концепт одамна ги надминува бројките за посетители и учесници – правата вредност се мери според она што останува. Врз основа на ова мастер планот на престојната изложба настанал како стратегија, урбанистички тест полигон, демонстрација на моќта на архитектурата и нејзината способност да го реорганизира општеството. Тоа е развоен проект чија реализација изискува реанимација на индустриските сектори: дрвна и градежна индустрија, производство на модуларни структури, пејзажна архитектура, обновливи извори на енергија, се мора да биде засилено за планот да биде возможен. Не е тоа само изградба, туки и рехабилитација на занаетите, враќање на производството како р’бет на одржливиот развој.

Аудиториум 

ЕКСПО во Белград опфаќа три функционални целини: тематска област и зони на меѓународни учесници, корпоративни и најдобри практики. Планот е организиран како град во град, но не замрзнат во моментот, туку урбана матрица која се шири, разложува и претопува со потребите на иднината. Три павилјони посветени на игра, Национален павилјон, Форум, Аудиториум и пратечки спортски терени ќе бидат претворени во нов културно –  образовен кварт, на површина од 4.5 хектари, што Белград досега немал. Во спојот на креативност, знаење и спорт, ќе остане отворен Аудиториум за музички настапи. Музејот ЕКСПО 2027, Меѓународен форум на игра, Центар за иновации и креативност, како и Национален центар за промоција на спортот и физичката активност.

Меѓународен форум на игра

Зоната на меѓународните павилјони ќе се трансформира во нов Белградски саем, додека зоната на најдобри практики ќе биде расклопена и втакена во три училишта, три градинки и 22 спортски сали и нови паркови ширум Србија. Модуларни материјали изработени од локални ресурси повторно ќе се родат како образовна и спортска инфраструктура. Како архитектонска ДНК, ќе живее во нов облик. Со тоа ЕКСПО во Белград не само што остава трајно наследство, туку поставува пример на општествено одговорно планирање во кое сите објекти добиваат нова намена, дури и ако бидат пренесени на друга локација.  Во таа смисла Белград би го следел дискурсот покренат во Брисел пред 60 години, која Југословенскиот павилјон од изложбата од 1958 година на архитект Вјенцеслав Рихтер по манифестацијата е префрлен на друга локација и станал училиште. Архитектурата не е статична туку флексибилна, прилагодлива.

Музејот ЕКСПО 2027

Исто така Белград по ЕКСПО ќе добие најмодерен изложбен простор за современа уметност во Југоисточна Европа, способен да биде домаќин на најзахтевните изложбени продукции и поставки, како што се Гугенхајм и Лувр.

ЕКСПО локацијата во Сурчин лежи на голем резервоар подземни води, па е проектирана на начин максимално да ги користи природните ресурси и штити животната средина. Сите објекти се проектирани со СО2 неутрални материјали и техники на градење кои гарантираат неутрален карбонски отпечаток. Непристапние кровови на објектите ќе бидат покриени со локални растенија отпорни на екстремни услови и без потреба од дополнително наводнување.

Центар за иновации и креативност

Мастер планот ЕКСПО 2027 уште сега предвидува златно ниво на меѓународните LEED и DGNB сертификации со што се потврдува усогласеност со целите на ОН за одржлив развој.

ЕКСПО 2027 не е само архитектонски потфат. Тој е аргумент – докажува дека рхитектурата е способна, не само да обликува простори, туки и да ја реорганизира економијата, иновира индустријата и генерира знаење. Кога последниот посетител ќе го напушти Белград, градот нема да биде ист. Ќе остане трајна инфратруктура, материјали кои повторно се користат, зајакнати индустрии, нов дом за уметност. ЕКСПО 2027 не е само настан, тоа е градење на иднината во реално време.

Испрати коментар

Scroll To Top