Насловна / Вести / Експлозиите на Северен тек, доведоа до сериозни еколошки последици

Експлозиите на Северен тек, доведоа до сериозни еколошки последици

Саботажите и експлозиите кои ги уништија гасоводите на Северниот тек, не само што ги заострија односите помеѓу Русија и Западот, туку покренаа и верижна реакција во морската средина која ризикува одредени загрозени видови како бакаларот, конечно да се потиснат преку работ. Ова го потврдува студијата подготвена од Research Square. Тоа е многу загрижувачко за Балтичкото море бидејќи според студијата, експлозиите ја влошиле состојбата на морското подрачје кое и онака е сериозна и критична.

sabotage1

 

Според генералниот секретар на WWF, Bo Øksnebjerg, станува збор за „уште еден клин во ковчегот на Балтикот, бидејќи многу токсични материи сега се во водениот столб“. Станува збор за околу 250.000 тони контаминирано морско тло, вклучувајќи и супстанции кои го уништуваат репродуктивниот капацитет на рибите.

sabotage2

 

Испрати коментар

Scroll To Top