Насловна / Вести / Експертите предупредуваат на загрижувачко топење на мразот во океанот околу Антарктикот

Експертите предупредуваат на загрижувачко топење на мразот во океанот околу Антарктикот

Ледената површина во океанот што го опкружува Антарктикот значително се намалила и сега е помала од кое било претходно забележано ниво во текот на зимскиот период кој е таму сега, покажуваат сателитски податоци.

Податоците се загрижувачки за експертите, бидејќи се веруваше дека областа е отпорна на глобалното затоплување на климата, пишува британски Би-Би-Си.

„Тоа е многу повеќе од сè што сме виделе, речиси е зачудувачки“, вели Волтер Мајер, кој го надгледува морскиот мраз во американскиот Национален центар за податоци за снег и мраз.

an

Експертите предупредуваат дека нестабилноста на Антарктикот може да има далекусежни последици.

Огромното ледено пространство на Антарктикот ја регулира температурата на планетата, бидејќи белата површина ја рефлектира енергијата на Сонцето назад во атмосферата и исто така ја лади водата на океаните.

Без мразот што ја лади планетата, Антарктикот би можел од „фрижидер на Земјата“ да се претвори во „радијатор“, бидејќи без мразот океанот ќе ја апсорбира топлината, велат експертите.

an1

На површината на океанот околу Антарктикот сега плови помалку од 17 милиони квадратни километри мраз, што е за еден и пол милион квадратни километри помалку од септемврискиот просек и многу под претходните минимуми во текот на зимата на јужната хемисфера од март до октомври. Тоа намалување е пет пати поголемо од површината на Велика Британија и нејзините острови.

Покрај тоа, од 1990-тите, топењето на копнениот мраз на Јужниот пол придонело за зголемување на нивото на морето и океаните во светот за 7,2 милиметри. Иако скромно, ова зголемување го менува времето и може да доведе до опасно силни бури кои би можеле да ги збришат крајбрежните населби. Ако значителни количества копнен мраз почнат да се топат, влијанието би било катастрофално за милиони луѓе ширум светот.

Испрати коментар

Scroll To Top