Експертите на УНЕСКО ќе вршат увид на новите објекти на Плаошник, на хотелот во Лагадин, на проектот експресен пат до Свети Наум, како и на планираниот скијачкиот центар на Галичица.
УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе се во реализација.
Неколку еколошките организации во овој период организираа бројни настани и трибини против планот за експресниот пат Охрид – Пештани преку Галичица, против планот за скијачкиот центар на Галичица, за новата елитна населба во Студенчишко Блато и туристичко-развојната зона во Љубаништа. Еколозите предлагаат мораториум на овие деструктивни проекти и целосна примена на Законот за управување на природното и културното наследство во регионот на Охрид.
Пред неколку години последниот мониорнинг на УНЕСКО покажа дека проектите за Плаошник не ги нарушуваат еколошките и археолошките стандарди.