Еден вид на „зелена револуција“ се спроведува ширум Италија што резултира со над 8.000 општини кои користат обновливи извори на енергија. Притоа, во значителен број места се произведува повеќе енергија отколку што е потребно за локалните жители. Најпопуларна е соларната енергија, но значаен удел имаат и енергијата од ветерот и хидро енергијата од мали хидроцентрали.
Ширум Италија има над 850.000 централи на обновливи извори на енергија кои веќе започнаа да „плаќаат дивиденди“ на локалните заедници. Во земјата, 39 локални самоуправи зависат 100% од обновлива енергија. Уделот на обновлива енергија за 10 години е зголемен на 35,5% од 15% , и сега во оваа медитеранска земја се произведуваат 57,1 TWh „чиста“ енергија, пренесува „Italia Oggi“.