Mead Carney – галерија на современа уметност основана од страна на Nigel Mead во Лондон во 2012 година, денес е една од водечките во светот кога станува збор за презентација на модерната и современата уметност. Галеријата е репрезент на најголемите актуелни имиња на светската уметничка сцена како Ричард Лонг, Демијан Хирст, Трејси Емин, Лусијан Фројд, Маурицио Кателан и многу други, а сега своја прва комерцијална галерија отворила во пристаништето „Порто Монтенегро“, или како што некои го нарекуваат „Монте Карло на јадранскиот брег“.
Минатиот месец беше отворена првата изложба насловена The Shock of the New, во која биле вклучени и дела на Демијан Хирст, Герхард Рихтер и Ричард Принс. Со овој потег, светската уметничка сцена сега е поблиску до балканскиот регион а со тоа е проширен и тој пазар на уметнички дела.
Поранешното морнарско пристаниште, канадскиот бизнисмен Питер Манк во 2009 година го претвори во престижна марина и ресорт, а некои од инвеститорите во овој проект, исто така, се и основачите на групата LVMH на Бернар Арно и британските милијардери Џекоб и Нет Ротшилд.