Aqua Dome Therme е бања вгнездена во импресивен планински пејзаж до австриското гратче Лангенфелд. Архитектонски облик на бањата користи криви агли и конусни форми за да го отслика своето планинско опкружување.
Бањата нуди сместување за 350.000 посетители годишно и е дизајнирана да биде еден вид на репер во регионот, истовремено обезбедувајќи им ја на своите гости познатата алпска атмосфера.
Конусен волумен ги поврзува трите базени, кои имаат облик на чинии и се чини како да лебдат во воздухот. Овие базени освен термална вода на капачите им обезбедува подводна музика како и специјални светлосни ефекти.
Просторот за рекреација вклучува конвенционален базен долг 25 метри како и посебни базени и содржини за помали деца.
Базените ја извлекуваат термалната вода од природниот резервоар кој се наоѓа 1.865 метри под површината на земјата.
Хотелот во рамките на бањата има сместувачки капацитет од 200 соби, а во него, исто така, се наоѓа и комплекс сауна и соби за конференции и семинари.
Материјалите што се користени во изградбата на оваа импресивен комплекс се локални – главно дрво и камен. Употребата на дрво и камен е присутна како во ентериерот, така и во екстериерот и ја одразува атмосферата на едно од најексклузивните алпски одморалишта.