Насловна / Вести / Еколозите предупредуваат: Медитеранот станува тропско море

Еколозите предупредуваат: Медитеранот станува тропско море

Медитеранот забрзано се претвора во тропско море, а температурите растат 20% побрзо од глобалниот просек, предупредува новиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), објавен објавен по повод Светскиот ден на заштитата на животната средина. Како последица на тоа, рибите од јужниот Медитеран мигрираат кон север, а 1000 инвазивни видови влегле низ Суецкиот канал и Гибралтарскиот мореуз, раселувајќи и загрозувајќи ги локалните видови. Коралните гребени се повеќе се намалуваат, додека медузите толку се множат, што рибарите неретко уловуваат повеќе медузи од риби. Највеќе загрижува тоа што загревањето им се заканува на заедниците нa морска трева posidonia oceanica во морето, кои може да апсорбираат до 42% од емисиите на јаглерод диоксид од медитеранските држави. Светскиот фонд за природа апелира под итно да се прошират заштитените морски подрачја.

tropical1

underwater

tropical3

Испрати коментар

Scroll To Top