Насловна / Вести / Еколозите почнаа војна против пластичните сламки

Еколозите почнаа војна против пластичните сламки

По торбите, пластичните сламки станаа „црна овца“ за еколозите. Земји како Велика Британија и гиганти, како што е „Мекдоналдс“, размислуваат да ги забранат пластичните сламки и со тоа да влијаат врз производителите на пластика.
Според една студија на американскиот магазин Science, осум милиони тони пластичен отпад се исфрла годишно во океаните на планетата, што е еквивалентно на 250 килограми во секунда. Меѓу нив, пластичните сламки заземаат значителен простор. “Сламки се сервираат автоматски со чашите во баровите. И тие се премногу мали за да се рециклираат, минуваат низ сите филтри”, коментира Јасмин ел Котни, коосновач на „Не на цевките “ која објави петиција на интернет страницата change.org барајќи да бидат забранети во Франција.

сламки
На крајот на мај Европската комисија предложи да бидат забранети чепкалки за уши, пластичните прибори за јадење, чинии, сламките, коктел мешалки и пластичните стапчиња за балони. Тие наметнуваат овие производи да бидат произведени од потрајни материјали. Сепак, за мерката треба да се дискутира од страна на земјите-членки и Европскиот парламент.
Велика Британија во април објави дека сака да ги забрани сламките и пластичните стапчиња до крајот од годината.
Засега Франција планира да ги забрани пластичните прибори и садови за јадење и чепкалки за уши до 2020 година.

сламки1
Некои компании не чекаа да дејствуваат под принуда. „Мекдоналдс“ од средината на јуни веќе тестира две алтернативи за пластичните сламки и тоа биоразградливи сламки и специјално прилагодени чаши.
Синџирот Хилтон има објавено дека прекинува со употреба на пет милиони пластични сламки и 20 милиони пластични шишиња кои се сервираат секоја година на нивните 650 објекти. Синџирот на Frantre се приклучи на овој тренд и од почетокот на идната година во супермаркетите повеќе нема да можат да се најдат пластични сламки.

сламки2
Алтернативи има, а тоа се биоразградливи сламки или направените од биопластмаса добиени од пченка, кои се двапати поскапи и веќе се сервираат во хотелот „Палас Монте Карло“ во Монако. Слатките пасти за храна, сламките од бамбус или сламките што можат да се јадат со осум вкусови се исто така добри за да се заменат пластичните цевки.
Оваа војна против сламките предизвикув вознемиреност меѓу производителите на пластични производи. “Тоа не е многу добар знак. Но, овие големи брендови имаат и проблеми со имиџот и тие треба дополнително да се обидат да најдат начини да ги исполнуваат очекувањата на општеството”, коментира Ерве Мие, директор за технички прашања и регулативата на Европската федерација на производители на пластика.

Испрати коментар

Scroll To Top