Насловна / Вести / ЕКОЛОШКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМИТЕ ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА

ЕКОЛОШКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМИТЕ ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА

Narcisi vo lazaropole

ЕНВ.нет Македонија и Здружението на новинари на Македонија организираат тркалезната маса „Медиумите и екологијата – за подобро денес и утре на сите нас“, која ќе се одржи во четврток во хотел „Континентал“ во Скопје, чија цел е да се согледаат и да се продискутира за дел од состојбите во полето на животната средина, која таква каква што е, не оди во прилог за квалитетен живот и опкружување, а воедно и да се укаже нa совестa на граѓаните и институциите за проблемите со кои сме соочени во Република Македонија со (не)имплементација на законските акти во правец на унапредување и подобрување на условите за живеење на сите граѓани.

Дел од активностите би се реализирале во рамките на проектот „Проширување на ENV.net во земјите од Западен Балкан и Турција: гласот на граѓаните за нивно влијание врз процесот на реформи во областа на животната средина за побрза интеграција во ЕУ“ поддржан од ЕК, а заедничките ставови и заклучоци од средбата би биле објавени на заедничката веб страница www.env-net.org, која е посетена од голем број граѓани и граѓански организации ширум Европа, Балканот и Турција, и од која може да се црпат значајни регионални искуства.

Испрати коментар

Scroll To Top