Насловна / Вести / Еколошки систем

Еколошки систем

Пред 30-тина години на предавањата на Eкономскиот факултет во Скопје нас, студентите кои почнавме со слушање на првата програма за менаџмент во Македонија ни беше залепена како шлакaница идејата дека економијата е природна наука. Во мојата глава почнаа да се рушат многу ѕидови,  како и погледите кон современиот бизнис. Ми требаше многу време да се соземам од шлаканицата.17-0087419

Во меѓувреме ширум светот поминав многубројни семинари и тренинзи како модерните компании да се адаптираат на новонастанатите бизнис-услови кои од 2008 наваму драматично се променија, но процесот е уште недовршен.17-0088204

Најголемо влијание врз мојата перцепција дека економијата е природна појава покрај професорите Ѓоргиоски, Шуклев, Фити… како и  многубројни светски автори преку нивните книги, имаше и мојот втор дом компанијата Steelcase.

Бизнис-лидерите  на брзорастечките компании можат многу да добијат доколку знаењата од биологија ги користат во секојдневните бизнис-одлуки. Ако имате за цел да бидете  успешна компанија, денес однесувањата сè повеќе се како комплексен прилагодлив систем пронајден во природата и сè помалку како организации со хиерархија со милитарна команда и структури за контрола како што раководеле директорите од минатато.leadership

Системите во природата се направени од високоиспреплетени и меѓусебно зависни делови кои се приспособуваат и адаптираат на условите кои се менуваат со цел да преживеат. Тие се справуваат со непредвидлив феномен, да добијат повратна информација од нивната средина и потоа да извршат промена за да ги пресретнат новите услови со кои треба да се справат. Дали денешните менаџери можат да се препознаат во овие констатации? Ризиците и наградите кои се својствени во време на промени им се добро познати на искусните лидерите, кои треба да ги зграпчат мoжностите за раст додека ги избегнуваат стапиците.

Како што бизнис-лидерите бараат нови начини кои ќе им помогнат на нивните бизниси да бидат пожилави, многу од нас сè уште ја немаме разбрано или пак прифатено биологијата на нашите компании. И многумина од нас немаат воочено дека една од работите во нивниот комплексен систем е физичкото работно место, кое покрај тоа што го формира физичкото однесување се користи за оформување на нов начин за размислување. Што би рекле младите менаџери поставување на нов MINDSET.Leader-680x365

Преку 15 години ги следам истражувањата на Steelcase, за промените во природата на работата. Steelcase ги користи сопствените канцеларии како лабораторија. Тие се дизајнирани како прототипови да тестираат теории и да ги шират границите на тема како работата се случува во улога на бизнис-лидер (менаџер), но и во улога на работник. Последните истражувања покажаа како физичкото работно место може да влијае врз лидерите исто колку што влијае и на вработените и нивното однесување, ангажман и прифаќање на компаниските цели за свои лични цели.

Денес бизнис-лидерите се трудат да направат екосистем од компаниите. Додека овој глобален тренд креира и отвора големи можности, ги внесува организациите во комплицирана и опасна пајакова мрежа од закони, јазици, обичаи, регулативи и култури. Мрежа која може да се искористи за развој, но од друга страна и да го доведе во прашање опстанокот на компанијата.

Овој нов глобален пејзаж бара организациите да бидат креативни во наоѓањето нови можности, но за да се случи ова неопходно е вработените да бидат релевантен фактор. Тие се ставени во позиција да учат, да имаат интеракција, секојдневно да се адаптираат на непознати ситуации и да креираат промени. Сепак, лидерите се соочуваат со голема бариера – работна сила во која  32 проценти од вработените  имаат сериозни проблеми со мотивацијата или се високо неангажирани. Оваа третина од вработените се смета за токсично ткиво во компаниите.

На спротивната страна 34 проценти од вработените се високо ангажирани, бараат работа и компании кои имаат и во кои тие лично ќе играат важна улога. Од сето ова лидерите треба да ја најдат мудроста како да го извлечат максимумот од вработените и да ја однесат својата компанија  на повисоко бизнис-ниво.17-0088210

Додека сè се менува околу лидерите, дали по избор или пак такви се околностите, еден детал е константа која е непроменлива, тоа е физичкиот простор или нивните канцеларии. Поголемиот дел од лидерите работат во традиционални, приватни канцеларии. Според Steelcase global report 58 проценти од менаџерите работат во приватни канцеларии наспроти 23 проценти  кои работат во океански простор. Иако и не е толку изненадувачко, прашањето е дали лидерите се свесни дека нивното работно место односно физичкото опкружување  може да биде катализатор на промените кои тие сакаат да ги имплементираат. Односно дали разбираат дека работното место кое не ги респектира новите технологии не им дозволува на луѓето лесно да ги користат нив. Доколку пак не ги користат, како новите знаења брзо ќе стигнат до нив? Од тоа пак зависи како ќе се развие екосистемот наречен компанија.

Многу лидери веруваат дека традиционалните приватни канцеларии се основни за нив за да ја работат својата работа. Тие треба да работат со доверливи документи и информации. „Мојата канцеларија е место каде што луѓето доаѓаат и работиме заедно“ е најчестиот изговор на топ-лидерите. „Има политика на отворена врата, така што луѓето секогаш знаат каде може да ме најдат и каде јас можам да најдам други лидери“.16-0069237

Додека лидерите се групираат во канцеларии со административни асистенти, се оддалечуваат од изворот на информацијата и од тоа што всушност се случува во нивните компании. Вработените се грижат за прекинување на зафатените извршители и се чувствуваат некомфорно, дури и недобредојдено во овие канцеларии.

Сепак лидерите се трудат да бидат сè поблиску до своите вработени. Знаат дека не можат да си дозволат да бидат исклучени од вработените кои се пулсот на организацијата.

Во минатото, канцелариите на лидерите се гледаа како статус и постигнување во хиерархијата. Сега и во иднина е јасно дека мора да се работи на  физичкиот простор за да им даде поддршка на лидерите да бидат главниот генератор на успех во компаниите.delhi2

Физичкиот простор (канцеларијата) е јазик на телото на организацијата. Тоа е начин на комуникација и начин да провоцирате посакувана акција од луѓето, вработени или не сеедно. Менаџерите можеби не помислиле дека нивниот простор комуницира со компанијата, со потенцијалните вработени, надворешните партнери и посетители. Но е јасно дека кај некои компании канцелариите им делуваат како да имаат говорна маана во комуникацијата со луѓето со кои се поврзани.

Организацијата на физичкиот простор покажува што мислиме за однесувањето на луѓето поврзани со компанијата. Однесувањето пак на луѓето најчесто е директно поврзано со тоа како изгледа физичкиот простор. Неопходно е креирање нов лидерски простор кој ќе има статус на икона во културната промена што се случува во лидерскиот тим и во целата организација. Тоа треба да биде место што ќе ја слави отвореноста и соработката во екосистемот наречен компанија.14-0001709

Почитувани менаџери негувајте го индивидуалецот, тој е основната клетка на вашиот екосистем – компанија.

Поврзаноста помеѓу физичкото здравје, менталното здравје и когнитивното извршување е неверојатна. Физичкиот простор и тоа како им помага на лидерите да го контролираат стресот и да промовираат подобро извршување на задачите кои ги поставуваат брзите промени и пазарот.

Автор: Венцо Георгиевски

 

Испрати коментар

Scroll To Top