Насловна / Вести / Еколошки пресврт во дизајнот на ентериерите: 3D печатени MICO ALGA плочки

Еколошки пресврт во дизајнот на ентериерите: 3D печатени MICO ALGA плочки

Иновативен пристап во развојот на ентериерите стигнува од работилницата на bioMATTERS, каде се претставени MYCO-ALGA плочките, производ кој е во целост пријател на животната средина. Овие плочки се резултат на комбинацијата на 3D печатениот мицелиум, алги и рециклиран отпад, со што крајниот производ е 100% биоразградлив. Панелите прво дигитално се обликуваат, а потоа со 3D печатење се развиваат и се обогатуваат со природни бои.

bio1

Првиот чекот во производството ан овие плочки е рециклирањето на отпадот од домаќинствата и индустријата, кој потоа се претвора во паста. Оваа паста е база за раст на мицелиумот, габична мрежа која служи како природен врзувачки елемент. Откако пастата ќе се обликува со помош на 3D печатење, таа се чува во контролирани услови каде мицелиумот расте две недели. Со сушење во конвекциски печки, растот на мицелиумот запира, а материјалот станува лесен и цврст. На крајот се нанесува био-пигментот.

bio2

 

Испрати коментар

Scroll To Top