Насловна / Архитектура / Еколошки одржлива куќа со модерен дизајн

Еколошки одржлива куќа со модерен дизајн

Архитектонското студио Klopf Architecture успешно проектира куќа која е еколошки одржлива и треба да опстојува во семејството повеќе генерации. Објектот се наоѓа во Калифорнија, САД.

еко-куќа-1

По барање на сопственикот, тие го деконструираа веќе постоечкиот дом и создадоа отворена и светла куќа на истата локација. Куќата била деконструирана парче по парче и истиот материјал бил рециклиран и повторно употребен. Наместо да додадат нов кат, тие го користат подрумскиот дел за сместување на одреден дел од програмата, а висината останува иста, со што се задржува карактерот на населбата. Надворешниот дизајнот на објектот е инспирација од средновековните модерни куќи на архитектот Eichler.

еко-куќа-9

Главната просторија во куќата и стаклениот ѕид се ориентирани кон север, а распоредот на останатите отвори е внимателно одбран. Ова овозможува големо количество на дневна светлина, без притоа просториите да бидат дирекно изложени на сонце. Во овој главен простор се сместени кујната, трепезаријата, дневната просторија и уметничкото студио. Канцеларијата е одвоена од овој простор со ходник.

еко-куќа-3

еко-куќа-11

Во однос на материјалите, наместо дрво се користи обвивка која е отпорна на термити и оган. Ѕидовите се покриени со бели структурални панели кои се префабрикувани. Со нивна употреба се зачувува енергија и помала е потрошувачката на дрвото. Подрумските ѕидови се изработени од бетон кој е водонепропустлив и добро изолиран. Подот и скалите се изработени од бамбусово дрво кое претставува брзо обновлив ресурс, кој визуелно изгледа убаво и се карактеризира со висока издржливост.

еко-куќа-5

еко-куќа-6

еко-куќа-7

Покривот има 13,3 kW низа од соларни панели. Куќата користи иновативен начин за греење, ладење и топла вода преку еден ист систем т.н. Althema system. За осветлување покрај природната светлина се користат флуросцентни и LED сијалици. Во текот на денот не е потребно вештачко осветлување поради ориентацијата на објектот. Во ентериерот е поставен систем за вентилација, кој постојано го одржува воздухот чист и истовремено ја заштитува куќата од полен и различни алергени. Покрај влезот е поставена полица за оставање на чевлите, со што се спречува разнесување на прашина и нечистотија во внатрешноста.

еко-куќа-2 еко-куќа-4

еко-куќа-8

еко-куќа-10

Куќата е проектирана за да одговара на професионалниот и семејниот живот и истовремено создава здрава и удобна животна средина.

еко-куќа-12

Испрати коментар

Scroll To Top