Насловна / Арт и дизајн / Еколошки мурал од лименки на овогодишниот EXIT фестивал

Еколошки мурал од лименки на овогодишниот EXIT фестивал

Посетителите на овогодишниот фестивал EXIT во Нови Сад, имаа прилика да креираат единствен уметнички мурал од искористени лименки. Инсталацијата долга шест метри, под името Pixelata е проект на шпански дизајнери, а секое уметничко дело настанува со боење и вметнување на лименки во претходно подготвена конструкција. На овој начин посетителите кретивно ќе придонесат за рециклирање на лименките, кои во целост можат да се рециклираат и повторно да се употребат по само 60 денови. „Pixelata е најдобар спој на уметноста и рециклажата и претставува импозатно уметничко дело во чие создавање сите можеме да учествуваме. Посетителите на фестивалите сјајно реагираат и досега сме креирале заедно повеќе мурали,  кои истовремено ја воодушевуваат публиката, но и ја шират свеста за значењето на рециклирањето. Сите заедно, потсетуваме уште еднаш зошто лименката е најпогодна – лесна, нескршлива и може да се рециклира многу пати“ вели Немања Коматовиќ од фондацијата Recan. Досега во правењето на уметнички дела од лименки се испробале учесниците на фестивалите EXIT во Босна, Романија и Хрватска.

Pixelata1

Pixelata3

Pixelata4

Pixelata5

 

Испрати коментар

Scroll To Top