Во рамките на компанијата „Агрикул“, браќата Фурдиније сакаат да одгледуваат сочни јагоди, какви што ги паметат од детството. Нивната иницијатива има за цел, во еколошки контејнер, направен од рециклирани материјали, јагодите да се произведуваат цела година. На површина од 24 квадратни метри се наоѓа ЛЕД осветлување, систем за вентилација и регулирање на температурата, минијатурни прскалки кои овозможуваат оптимални услови за развој. Бумбарите имаат една од клучните улоги во опрашувањето на цветовите од јагодите, а сложен систем од ЛЕД осветлување пружа идеални услови за фотосинтеза.
Овошјето е поставено вертикално со цел максимално искористување на целиот простор и рационална потрошувачка на вода. Системот на одгледување овозможува четири берби во текот на годината.