„Agüevo“ е рачно изработен држач за јајца, изработен од природна плута, кој го штити вареното јајце од пукање и го одржува топло одредено време.
Овој држач, осмислен од креативното студио In-Tenta од Барселона ја трансформира досегашната традиционална слика на држач за јајца. Се состои од природна агломерирана плута со висока густина, со финална лакирана обработка безбедна за користење и употреба на прехранбени производи. Неговиот дизајн го карактеризира пренесувањето на топли, свежо варени јајца, од кујна во чинија, но и исклучителното корисно и декоративно решение при сервирање. Може да се користи во две различни позиции.
Со користење на иновативни апликации од плута, како 100 отсто обновлив и рециклирачки материјал, можно е да се дизајнира и направи еден ваков еколошки производ со високи природни еколошки својства.