Насловна / Арт и дизајн / Еколошки дронови направени од ананас

Еколошки дронови направени од ананас

Малезиски научници смислиле начин да направат беспилотни летала од остатоци од ананас. Тие произведуваат материјал од лисјата на ова овошје што е толку силен што може да се користи како рамка за мали дронови. Целта на истражувачите од Универзитетот Путра првично била да најдат корисен начин за повторна употреба на големи количини отпад од ананас генериран од земјоделците во областа Хулу Лагат. Испитувајќи ги својствата на листовите од ананас, тие откриле дека е можно да се направи материјал од него доволно силен за да се направи скелет на мали летала. И не само какви било беспилотни летала, туку дронови кои се полесни и помоќни од оние направени од вештачки материјали.

ananas1

Нивната важна предност се пониските трошоци за производство, но и фактот дека располагањето со овие авиони не нанесува големи штети на животната средина, пренесува Ројтерс.

Имено, ако дронот произведен од лисја од ананас е оштетен, неговата рамка може да се смести во земјата и ќе се распадне за само две недели. Иако лесно и брзо исчезнува во земјата, ова летало е прилично стабилно на небото – може да лета на надморска височина од 1.000 метри и да остане во воздух околу 20 минути.

ananas2

 

Испрати коментар

Scroll To Top