Насловна / Вести / Еколошки активисти во Лондон со портокалова боја го испрскаа седиштето на МИ5

Еколошки активисти во Лондон со портокалова боја го испрскаа седиштето на МИ5

Лондонската полиција во понеделникот уапсила шест лица, откако активистите за заштита на животнта средина, во протестот по повод „Ноќта на вештерките“, испрскаа со потрокалова боја неколку важни објекти во британската престолнина. Станува збор за зградата на Министерството за внатрешни работи, седиштето на разузнавачката Агенција МИ5 и подружницата на американскиот медиусмски магнат Руперт Мардок, (News Corp). Од шестмината уапсени, четворица се задржани  во притвор.

stopoil1

stopoil2

Групата Just Stop Oil, која сака да се запрат новите истражувања на нафта и гас во Северното море, ја презела одговорноста за оваа акција и објавила видео-снимка на својот профил на Твитер. Активистите навеле дека овие згради се избрани затоа што „претставуваат столбови стубове кои ја поддржуваат и одржуваат моќта на економијата на фосилните горива – владата, безбедносните служби, финансииите и медиумите“. Седиштето на подружницата на „Њус корп на Велика Британија и Ирска“, која ги објавува весниците Тајмс, Сандеј тајмс и Сан, било мета на еколошките активисти и во јули оваа година. Just Stop Oil  во текот на минатиот месец речиси секојдневно организираше протести противејќи се на плановите на надлежните за лиценцирање на над 100 нови нафтени и гасни проекти до 2025 година. Групата соопштила дeка во пoследните четири недели се уапсени повеќе од 637 демонстранти.

stopoil3

Испрати коментар

Scroll To Top