Инженерот и иноватор Милош Јаковљевиќ од Белград, има интересен пронајдок во вид на еколошка пумпа која нема мотор и не користи електрична енергија, туку работи користејќи ја само кинетичката енергија од водотеците.
Со оглед на тоа што во Србија се наводнуваат само 3% од земјоделските површини, за разлика од земјите со напредно земјоделство каде тој процент е дури и до 68%, оваа еколошка пумпа е погодна за наводнување на овоштарници по системот „капка по капка“, но и за сите останати култури.
Јаковљевиќ осмислил повеќе типови вакви пумпи – од двокрилни до големи шесткрилни за поголем капацитет.