3D печатењето е присутно во различни индустрии, од градежништво до медицина, а денес може да се печатат предмети со различна големина и степен на сложеност. Еден тим од Чешка, проектирал и развил 3D печатена куќа која го намалува јаглеродниот отпечаток за 20%, а нејзината изградба траела само 48 часа. Во однос на класичните методи, изведбата е 50% поефтина. Тимот кој стои зад овој проект ја користи роботската рака Scoolpt која печати 15 cm материјал по секунда.
Еколошката куќа се состои од спална соба, дневна, бања и кујна. Проектирана е така да соспственикот во неа може да помине цела година, а поседува и резервоар за комунална, питка и отпадна вода. Ваквата куќа може да трае и до 100 години. Куќата лебди по водена површина и може да се закотви на било кое место.