Поради дефект на перуанскиот главен нафтовод, излеани се околу 3.000 барели сирова нафта во амазонското подрачје. Како што пренесува Reuters, нафтата загадила две реки кои староседелците ги користат како извори за вода за пиење.
Според државната нафтена комапнија Petroperu, две пукнатини на главниот нафтовод предизвикале целосен прекин на испораката на нафта која вообичаено се движи помеѓу пет-шест илјади литри дневно.
Перуанското министерство за здравство прогласи тревога поради квалитетот на водата во пет подрачја во близина на излевањето на нафтата.