„Еколошка карта на Загреб“ е нов проект на „Наставниот завод за јавно здравство Др. Андрија Штампар“ во соработка со Државниот хидрометеоролошки завод, Институтот за медицински истражувања и медицина на трудот, како и Агрономскиот факултет при универзитетот во Загреб. Создавањето на „Еколошката карта на Загреб“ во целост го финансира градот, а со крајна цел унапредување на здравјето но и управување со животната средина. Имено, се работи за систем од сензори и мерни станици кои во континуитет ќе го регистрираат загадувањето на воздухот, водата и почвата во градот. Проектот е прв од ваков вид во Хрватска и во поширокиот регион.
Сите податоци ќе бидат јавно достапни на граѓаните најпрво на интернет-страниците на Заводот за јавно здравје, а подоцна и преку мобилна апликација.