Насловна / Вести / Еколошка изолација од корен на житарки

Еколошка изолација од корен на житарки

Со цел промовирање на ефикасни начини на изолација и заштита на објектите, чилеанскиот тим  Rootman  го развил производот „Thermoroot“. Се работи за биоразградлива и 100% природна изолација направена од корен без генетски модификации или хемиски адитиви. Овие корени го прават она што компанијата го нарекува „Radicular Mattress“ кој покрај топлинската и звучна изолација на ѕидовите, подовите и таваните, исто така е огноотпорен.  Преработката и третирањето на овој „душек“ трае помеѓу 10 и 15 дена и се развива во изолирани комори, каде што се произведува од семиња на јачмен, со садови кои ја дефинираат потребната дебелина на коренот.  Процесот на ‘ртење може да се изведува под било кои климатски услови и на било која географска локација, оставајќи ниско еколошко влијание при минимални барања од енергија и вода. Што се однесува до огноотпорноста, својствата на материјалот овозможуваат еден час пред објектот во целост да изложен на пожар. Производот е патентиран на меѓународно ниво и може во целост да ги замени конвенционалните изолациони материјали, како што се експандиран полистирен, полиуретан или минерална волна.

thermoroot5

thermoroot 1

thermoroot 2

thermoroot 3

Испрати коментар

Scroll To Top