Истражувачите од Washington State University развиле еколошки прифатлив материјал на база на билки кој се покажал како подобар од стиропорот за изолација. Пената главно е направена од целулозни нанокристали, најраспростанетиот растителен материјал на земјата. Покрај самиот материјал, истражувачите исто така развиле и еколошки прифатлив и едноставен процес на производство на пена, користејќи вода како растворувач.
Популарниот материјал стиропор направен е од нафта и се користи скоро секаде, особено во градежната и транспортната индустрија. Содржи токсични состојки, зависи од нафтата, не се разградува природно и ја загадува околината кога гори. Идејата да се направи материјал налик на пена на база на целулоза, која ќе го замени стиропорот, воопшто не е новина. Многу истражувачи работеле на оваа тема, но добиените алтернативи не ги задоволувале бараните карактеристики.
Тимот создал материјал кој се состои од околу 75% на целулозни нанокристали добиени од дрвена пулпа. Додале поливинил алкохол, уште еден полимер кој се врзува со целулозните нанокристали, со што се постигнала добра еластичност. Материјалот кој го направиле содржи единствена ќелиска структура и е добар изолатор. Во истражувањето е наведено дека по прв пат материјал на база на билки ги надминал можностите на изолацијата од стиропор. Исто така, тој е многу лесен и може да издржи до 200 пати поголема тежина без промена на обликот.
Се разбира претстои долг пат до евентуална комерцијална примена на овој материјал, но засега е сигурно дека истиот навистина ветува.