На 9 јуни во Охрид ќе се реализира голема екоакција наречена „Мој Охрид, чист Охрид“ чија цел ќе биде чистење на крајбрежјето во пресрет на туристичката сезона.
„Основната цел е во пресрет на сезоната градот да блесне во целата своја убавина и подготвени да ги пречекаме гостите за кои сите се надеваме дека и оваа сезона ќе ги имаме во голем број“, потенцира Сашо Митаноски од иницијативата „Мој Охрид, чист Охрид“.
Големата екоакција ќе се одржи в сабота, на 9 јуни, со почеток во 10:00 часот. Ќе се чисти на потегот од населбата Воска до хотелот „Десарет“, на терен поделен на 8 реони.
Акцијата е во организација на Супер радио со поддршка на бизнис-секторот, охридските медиуми и спортски друштва, но и на целата јавност од Охрид. Во неа активно ќе се вклучат и нуркачите од клубот за подводни активности „Охрид“, кои ќе го чистат дното на Охридското Езеро на потегот пред селото Пештани.