Насловна / Вести / „Еко“ мост во Сингапур

„Еко“ мост во Сингапур

Ekomost vo Singapur

Со цел да се зачува биодиверзитетот во шумската област низ која е изграден автопат, се појавува идејата за изградба на еко мост, односно зелен коридор  уште во 1994 година. Но, за конечната реализација се чекало до 2011 кога почнува изградбата на овој мост познат уште под името еко – линк, кој станува дел од т.н Зелен план на Сингапур од 2012 година. Мостот е завршен целосно во 2013 година, и со тоа е обновена врската помеѓу два природни резервати раздвоени вештачки со автопатот уште од 1986.

Eko most vo Singapur

Но дури во ноември 2015 мостот го добива својот целосен сјај по засадувањето на дрвја и трева по примерот на околниот природен амбиент. На овој начин  животните можат да преминуваат слободно од едната на другата страна, иако  за многу познавачи од областа на заштитата на видовите оваа интервенција дошла предоцна.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top