Марко Ќириќ, професор по физичко воспитување од Србија, нашол начин како да го спои спортувањето и заштитата на природата. Неговата идеја носи повеќекратна корист. Станува збор за проект од областа на циркуларната економија, каде преку волонтерски акции се чистат реките, се собира дрвениот отпад и му се дава нов живот преку т.н „еко – теретана“.
Како долгогодишен професор и соспственик на сплав на реката Сава, тој често организирал акции за чистење на реките, но не знаел што може да направи со собраниот дрвен отпад. Од одвоениот отпад се создавала декорација за крајбрежјето, но без некоја јасна слика и цел. Конечно, во август 2023 влегува во соработка со УНДП преку проектот ЕУ за Зелена агенда во Србија, и тргнува во конечна разработка на иновативно решение за еко теретана. Оваа теретана е комплетно изведена и веќе функционира во Вршац. Со помош на тимот, решени биле бројни предизвици – од технички цртежи, подготовка на проектната документација, осмислување на механизми за справите со опсција за додавање на оптоварување и сл. Посебно внимание е посветено на безбедноста, и обезбедени се сите атести.