Со измените на Законот за животна средина се воведуваат дополнителни надоместоци за увоз на употребувани возила. За употребувани моторни возила за превоз на десет или повеќе лица, со клипен мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија или со помош на свеќички, увозниците ќе плаќаат надоместок од 3.000 денари.
За употребувани патнички автомобили и други моторни возила, со клипен мотор (освен ротационен клипен мотор) со внатрешно согорување со палење со помош на свеќички, со зафатнина на цилиндарот што не надминува 1.000 см3 надоместокот изнесува 1.500 денари; со зафатнина на цилиндарот што надминува 1.000 см3, но не надминува 1.500 см3 изнесува 2.000 денари; со зафатнина на цилиндарот што надминува 1.500 см3, но не надминува 3.000 см3 исто така 2.000 денари; а со зафатнина на цилиндарот што надминува 3.000 см3, надоместокот изнесува 3.500 денари.