Дизајнерите Ајдан Нојберг и Гал Булка креирале „светлечка“ штипалка. Оваа штипалка претставува дизајнерски пресврт од секојдневен предмет во алатка кој со живописни бои го осветлува градот во ноќните часови.
Алиштата се закачуваат на жица со оваа штипалка во која е вграден внатрешен независен систем, кој во текот на ноќта се пали во различни бои, користејќи ја енергијата собрана во текот на денот од страна на мал соларен панел на врвот.
Во самрак, сензорот испраќа сигнал до батерија која автоматски ги пали LED светилките во разни бои.
Оваа штипалка како интелигентен додаток дава интересен визуелен елемент на изгледот на улиците, а во исто време претставува и еколошки одржлив дизајн.