Мирет биоразградливите патики, зад кои стојат браќата Хрвоје и Домагој Болџар, се изработени од 97 отсто природни материјали.
Браќата Болџар за себе велат дека се индустриски инсајдери. Еко патиките почнаа да ги прават во 2014 година по распадот на компанијата на нивниот татко кој поседувал фабрика за чевли. Браќата се обиделе да го спасат бизнисот на нивниот татко со производство на луксузни патики, но тоа се покажало како лош потег. Тие сфатиле дека материјалите што се користат во индустријата за обувки се ужасни и се свртиле кон еколошки обувки.
“Индустријата за обувки и штети на животната средина. Само во 2019 година беа произведени 20 милијарди пара пластични и полиестерски обувки. Полиестер и гума се направени од нафтени производи и се извор на микропластика што ја загадува земјата, морето, воздухот, водата и на крај завршуваат во нашите чинии. Повеќето луѓе мислат дека кожата е природен материјал, но всушност е полна со токсични хемикалии“, се вели во описот на марката Мирет на Kickstarter.
Зад овие патики стои пет години истражување, подеми и падови проследени со солзи. Браќата патувале низ светот собирајќи различни биоразградливи материјали што успеале да ги заменат синтетиката и пластика.
Десет растенија се користат за да се направат патики Мирет: коноп, кенаф, лен, плута, дрво, пченка, јута, еукалиптус, гума и волна од Нов Зеланд.
Еко патиките се меки и удобни и се погодни за долги прошетки. Горниот слој е заштитен со посебна природна водоотпорна боја, а во случај на дожд, стапалата ќе останат суви.
Зошто никој претходно не се сети на ова? Браќата Болџар велат дека затоа што е тешко и скапо. “Поминавме пет години создавајќи супер-еколошки патики, изработени скоро целосно од природни материјали, безбедни за околината и вашето здравје. Синтетичкиот лепак и низата од полиестер се само три отсто во производот. Ние ќе се справиме со тоа наскоро затоа што нашата мисија е да создадеме 100 отсто биоразградливи патики “, велат браќата Болџар.