Ви претставуваме ново еко-одморалиште Bisate Lodge кое се наоѓа во Руанда. Студиото Nicholas Plewman Architects стои зад овие шест објекти кои се позиционирани на вулкански рид што на целиот ресорт му дава една доза на авантура и необичност.
Секој од овие одделни и мошне луксузни објекти има своја дневна соба, спална соба и останати простории кои се потребни за пријатен и привремен престој.
Во ентериерите се застапени традиционални материјали и мотиви кои се одраз на културата и изворните моменти на Руанда, а архитектите при уредувањето соработувале со голем број на локални дизајнери и креативни луѓе за да се потенцира оригиналноста на амбиентот.