Насловна / Вести / Еко-кацига од природни материјали

Еко-кацига од природни материјали

Eko kaciga

Научниците од Кралскиот Институт за технологија (КТХ) од Стокхолм, направиле прототип на кацига за мотоциклисти која во целост е изградена од дрвена суровина. Посебно е интересна пената на база на дрво, која ја обложува внатрешноста на кацигата и која има неспоредливо подобри својства во споредба со стиропорот.

Eko kaciga11

Професорот Ларс Вогберг, истражувач од Шведскиот кралски институт, вели дека „пената на база на дрво е добиена од целосно обновлив односно јаглеродно неутрален извор како што е дрвото.“ Новиот материјал е наречен „селуфом“ и особено ќе им значи на државите кои во континуитет се грижат за пошумувањето. Професорот Вогберг го развивал овој материјал во соработка со Ленарт Бергстрем, професор по органска хемија на Универзитетот во Стокхолм и Николас Чанг од научниот центар за дрво Валберг.

Eko kaciga3

Кацигата е произведена во „Селутек“, фабрика од Стокхолм која е специјализирана за изработка на врвни материјали од дрво, со поддршка на шведската дрвна индустрија (Swedish Forest Industries Federation´s Ekoportal 2035). „Кацигите од дрво постоеле и порано, но ова е првата направена целосно од природни материјали. Надворешниот слој е направен од фурнир, ремените од посебно цврста хартија, а меките делови во внатрешноста од целулозни влакна“, објаснува Вогберг.

Eko kaciga2

Авторите на проектот, кој го поттикнува одржливиот развој и заштитата на животната средина, сакале со овој потег да го свртат вниманието на пошироката јавност и да укажат дека целулозата од дрвото е природна алтернатива за материјалите како пластика и стиропор.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top