Во 2022 година Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, а официјалните лица се загрижени за сместувањето на бројните љубители на фудбалот кои се очекуваат. Заради тоа, архитектонското студио Sigge Architects и компанијата Global Accommodation Management направија проект за пловечки хотели и апартмани кои би биле енергетски ефикасни и независни.
Сите хотели ќе имаат системи за производство на електрична енергија, третман на отпадни води и рециклирање. Хотелите и апартманите ќе бидат дел од новиот вештачки остров Орикс во близина на Доха. Островот е дизајниран со цел по завршувањето на Светското првенство да биде користено за друга намена, а и на друга локација.
Сепак, и покрај енергетската независност, влијанието врз животната средина на овој проект не е докрај дефинирано, а вештачкиот остров сигурно ќе ја наруши стабилноста на живиот свет во морето и квалитетот на водата во тоа подрачје.
Извор: reciklirajte.me