Зелената идеја за еко хостелот „Републик“ во Ужице настанала уште во 2012 година, а нејзината реализација започнала во 2013 година. Главната цел на еко хостелот е комплетната енергетска независност. Основачите на еко хостелот најпрво собирале неупотреблив материјал и со својата креативност направиле од него мебел со кој комплетно ја опремиле внатрешноста.
Креветите, столовите и клупите се направени од пелети кои се користат како гориво. Орманите и декоративните елементи некогаш припаѓале на ЈНА и требало да бидат уништени, но овој тим ентузијасти им вдахнал нова вредност. Објектот се снабдува со електрична енергија преку фотоволтаиците што се поставени на покривот.