Имајќи ја желбата за постигнување на максимална енергетска ефикасност за својот дом, сопствениците на објектот дошле до решение да ја реконструираат постоечката структура, сместена во Купертино, Калифорнија.
Не наметнувајќи се на непосредното опкружување од соседството, архитектонското студио Кlopf Аrchitecture креирало парцијално спуштено ниво, кое се надоврзува на приземјето со повлечена меѓукатна конструкција, со цел да се создаде природно осончан атриум.
Изведен во соработака со фирмата Мonterey Еnergy Group, волуменот е обликуван со бетонска обвивка, заштитена со структурални панели, високо квалитетни прозорци и соларен фотоволтажен систем, димензионирани да ја покријат целокупната емисија на енергија.
Отворениот дизајн на основата и светлиот ентериер создаваат директна релација со природниот пејзаж, истовремено задржувајќи ја максималната приватност во внатрешноста.