Општина Центар ја започна акцијата за чистење на училиштата и градинките кои се на нејзина територија.
„Еко бригадата“ ги кастри дрвјата, се коси тревата, се чисти ѓубрето и комплетно ги средува училишните дворови. Со специјална течност се дезинфицираат патеките и игралиштата.
Од општинското основно училиште „Ј.Х. Песталоци“, со камион се однесени пет тони отпад. По чистењето на основните училишта, веднаш почнува и чистењето на градинките.
Ова е редовна акција на општина Центар за чисти и уредени дворови на училиштата и градинките.