Под мотото „Покажи еко-страна за зима без мана“ денеска во организација на Ски-центарот „Копанки“, хотел Молика и Ски клубот „Пелистер“ ќе се одржи промотивно чистење на стазата на Ски-центарот „Копанки“-Пелистер.
Целта на настанот, според организаторите, е подигнување на свеста за заштита на Националниот парк Пелистер.
Во еколошката акција за чистењето на ски-стазата ќе учествуваат 100 ученици од основните и средните училишта од Битола.
Во рамките на настанот Меморандум за соработка ќе потпишат „ЕЛЕМ Турс“ ДООЕЛ Скопје и Ски клубот „Пелистер“-Битола, Националниот парк „Пелистер, Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ и Велосипедскиот клуб „Екстрем Бајк Тим“ од Битола.