Уметност на живеење и децата од „Арт Ексел“ и оваа година го организираат еко настанот „Да растеме заедно”.
Со почетокот на пролетта започнува да се буди целата природа, ве покануваме на поинаква журка – садење на дапчиња, што ќе се одржи во сабота, 18.4.2015 година, со почеток во 11 часот, во градинарскиот центар „Фоја“ (ул. „Борис Трајковски” (поранешна „Првомајска“) – веднаш до фабриката Усје бр. 152 А, Скопје.)
Ќе имаме можност да се дружиме, забавуваме, да научиме како се садат семки и како од една семка расте големо дрво. Ќе слушнеме и научиме уште многу други интересни работи…
Целта е, децата самите да засадат желад и да видат дека процесот на растење е дел од еден животен циклус и дека дрвјата се непроценливо богатство за кое треба сите ние да се грижиме.
Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и претставува вистинско природно богатство на нашата Македонија. Името македонски даб го добива затоа што неговиот ареал е соодветен со територијата каде што со векови живее македонскиот народ.
Дабот, благодарение на својот изглед, издржливост и долготраен живот, се смета за симбол на моќта, издржливоста и долговечноста. Тој му припаѓа на добрите, на чистите и светите дрвја, а македонскиот народ во дабот отсекогаш гледал како на свет знак, полн со живот.
Неговите лисја содржат апотрепејски својства и лековита моќ.