Овој „луд“ и еклектичен простор се наоѓа во познатата населба во Њујорк, Бруклин. Целиот простор е украсен со уметнички дела на кои доминираат велосипедите и тоа претставува еден уметнички печат на овој ентериер.
Видливата полна тула која е обоена со бела боја и дрвените греди го прават овој простор мошне модерен, а истовремено интересниот мебел кој се наоѓа во него само ја дополнува оваа слика.
Целокупниот простор е доста топол користејќи неутрални бои за својата материјализација, но и мали гламурозни детали како што се лустерот и модерниот камин.
Изреката дека спротивностите се привлекуваат се докажува со овој простор. Шумата од модернистички линии на софата и масата за кафе, надополнети со модерното и елегантно осветлување, комбинирани со неколку ретро елементи како ѕидното огледало и централниот лустер, функционираат совршено заедно.