Хотел Crayon Paris е симпатично, еклектично и атрактивно место во центарот на Париз. Целиот ентериер на овој хотел во Париз е рачно дело на неколку поединци. Нивното мото е „Мисли креативно”, и ова е евидентно во секој агол на хотелот, каде што се сместени vintage парчиња донесени од цела Франција. Целиот простор зрачи со креативна атмосфера која е тешко да се почувствува во други хотели.
Хотелот не е голем, има само 27 соби, а секоја е различна и воедно е вистинско уметничко дело. Тајната што се крие зад ова е дека група на париски уметници рачно ги декорирале ѕидовите со свои дела, а ѕидовите на некои места се оставени еднобојни за да можат и гостите на нив да остават свој печат. Во овие еклектични соби поврзан е дизајнерскиот мебел на Tom Dixon и останатите vintage парчиња пронајдени на пазарите за старини и дребулии ширум Франција.