Coffee Grill е нов ресторан во Лисабон, чијшто ентериер е потпишан од страна на архитектот Јарослав Галант. Ресторанот се наоѓа во историскиот центар на португалскиот главен град, во стара зграда на два спрата. Архитектот го задржал амбиентот на минатите времиња во ресторанот, истовремено освежувајќи ги стариот мезанин, прозорците и бројни интересни дрвени и камени елементи.
Со еклектичниот дизајн исполнет е целиот ресторан. Комбинирањето на стиловите може да се види на секој чекор, па така стариот кристален лустер одлично функционира со индустриските ламби, модерниот мебел со класични, а бизарните детали како глави од бикови одат заедно со детали од ковано железо.