Насловна / Интервју / Константин Џукески и Јелена Путник

Константин Џукески и Јелена Путник

konstatinijelena.jpgПовод за нашиот
разговор со
архитектите
Константин
Џукески и
Јелена Путник,
што моментно
живеат во
Милано, беше
првата награда
за индустриски
дизајн која тие ја
освоија со својот
проект за маса
на овогодишниот
Саем за мебел
на конкурсот на
тема „Примена
на дрвни
материјали при
изработката на
модерен мебел
и техничка
документација
изработена со
компјутерски
програми.“

 

Што ве мотивираше да
се пријавите на конкурсот?
Дали конкурсите во
Македонија Ви се предизвик?

Константин: Да. Секој
простор може да биде
генератор на нови
случувања. Обично одлуките
за многу работи ги носиме
набрзина, така беше и со
одлуката да се пријавиме
на овој конкурс. Сега ми е
драго што учествувавме,
не само за проектот, туку
и за презентацијата што ја
направивме. По добивање
на оваа награда, прва
работа ни е да најдеме
производител и дистрибутер.
Авторските права остануваат
наши, ние сме слободни
тоа да го пласираме како
производ. Во Македонија
не постои критична маса,
не постои индустрија.
Нашиот проект воспостави
стандард, следната година
тие што ќе учествуваат на
овој конкурс ќе треба да
направат подобро од нас.
Сето тоа е позитивно затоа
што се креира атмосфера
за натпревар, едниот учесник
да го стимулира другиот
да биде подобар од него. Јелена: Почувствувавме
некој внатрешен порив
нешто да вратиме, како
придонес на тоа што ни
е дадено во време на
студирањето. Добивме
фантастична база на
Архитектонскиот факултет во
Скопје, отидовме во Италија
како оформени архитекти
за да се надградуваме.
Не сме носталгични,
но не забораваме на
своите корени.

 

Еден од критериумите
на конкурсот беше
да постои приказна
поврзана со делото. Која
е Вашата приказна?


Јелена:
Оваа презентација
е комплетна наша слика.
Наша почетна точка беше
насловот „Let`s twist again“,
што можеби на прв поглед
звучи иронично, но всушност
е еден вид провокација.
Сакавме да ги натераме
луѓето да се запрашаат
што точно значи тој наслов
и зошто ние му го дадовме
токму тоа име. Нашата
приказна се состои од
повеќе метафори. На
пример, во еден агол
има формула „Јелена и
Константин е еднакво на
нашата е маил адреса“.
Прашањето што ние го
поставуваме e: Зошто
токму маса? Или, што
е тоа маса? Масата е
архитектура во домашни
размери, но ние тука ја
поставуваме во контекст
на употребна вредност.
Константин: Ништо не
е случајно на ова парче
хартија. Се работи за
деликатно деформиран
правоаголник во основа,
кој е носен од ногарка
која има две варијанти.
Тргнавме од идејата дека
едната ногарка е течение, а
хоризонталната површина
протекува во таа ногарка.
Нашиот интелектуален напор
беше насочен во правец
на поинакво разбирање на
идејата за маса, како една
вертикална и хоризонтална
површина. Ова изместување
воопшто не е лесно, затоа
што е неприродно. Треба да
ја промениме перспективата
на гледање, во нашиот
проект површините течат во
едно. Масата има уште три ногарки кои ќе бидат аналогни на првата, но неутрални. Сето тоа придонесе да се создаде една форма која е динамична. Изборот на името уште повеќе ја подвлекува таа идеја.

 

Живеете во Милано каде се одржува еден од најголемите светски саеми за мебел. Како изгледа овој град одблиску?


Константин:
Саемот за мебел што се одржува во Милано е многу поинаков од скопскиот саем. Многу е поголем. За илустрација, ќе спомнам дека главната пешачка оска околу која се организирани салите е долга 1,5 километар. Концепциски, тој претставува само изложбен, а не и продажен саем како кај нас. Конкуренцијата е огромна, а критериумите за учество се особено строги. Воедно, тој претставува едно поле за натпревар во дизајн. Милано е „мека“ за дизајнот воопшто, место каде што се креираат стилови. И како таков е полн со шарм и контрадикции. Од архитектонски аспект, тоа е оформен град со тендеција во последните години да се надмине самиот себеси со проекти како што е новото сајмиште на арх. Massimiliano Fuksas, проектот на реконструкција на миланската Скала од арх. Mario Botta, новата административна зграда на регионот Ломбардија од Pei Cobb Freed & Partners, најголемиот real estate проект во Европа од Daniel Libeskind, Zaha Hadid, Arata Isozaki, Pier Paolo Maggiora, како и проектот за урбана регенерација на зоната наречена Градот на модата и Милано Експо 2015.
Јелена: Има периоди во годината кога Милано е центар на мода и модни ревии, френетичен, хаотичен, гламурозен. За време на викенд се празни како секоја метропола. До август месец и познатиот ден „ферагосто“ каде станува застрашувачки празен и неанимиран. Меѓутоа, секогаш со идеја за добра забава и интересно дружење околу маса, аперитив околу 19.00 часот после работа и неизбежен… „gossip“.

 

Константин, Вие бевте најдобар студент и најдобар дипломец во Вашата генерација. Зошто заминавте за Италија?


Константин:
Искрено, бев љубопитен да ги тестирам моите способности, дали тие се апсолутни или се поврзани за некое локално подрачје, да се мерам со друга средина. Една година подоцна дојде и мојата сопруга и потоа започнавме да работиме проекти за различни типови и категории објекти, нови згради, реновирања, ентериери. Имам реализирано многубројни индивидуални куќи, вили, станбени комплекси, станбени згради и до 4-5.000 м2; многубројни деловни објекти и до 8.000 м2; комерцијални простори, бутици како на пример бутик за Yves Saint Laurent во Милано. Јас и Јелена се занимаваме со индустриски дизајн од 2005 година и тоа главно во областа на изработка на мебел. Во Милано имам соработувано и со други студија за архитектура, но работев и како freelands архитект.
Јелена: Кога заминав за Италија во 1993 год., најпрвин работев ентериери, графички и веб дизајн. Особено ми беше интересна соработката со Артемиде, која е врвна светска марка за осветлување.

 

Кажете ни нешто за Вашето искуство во Бахреин?

Константин: Во Бахреин заминавме 2008 година, затоа што добив несекојдневна шанса да работам на еден голем проект. Бев одговорен за три облакодери (210.000 м2) со најразлична содржина (деловен простор, трговија, домување, хотел). Исто така работев и на уште еден мултифункционален облакодер со трговски центар од 100.000 м2. За мене тоа беше значајно искуство.
Јелена: Јас работев на проект за ентериер на деловен облакодер од 80.000 m2 во Дубаи. Посебен придонес дадов во осмислување на надворешна и внатрешна сигнализација што за таков објект е особено важно. Но, проект кој мене лично најмногу ме исполнува е пловечки штанд на „Првиот Интернационален Саем за јахти“. Константин го направи проектот за овој штанд и изврши надзор при неговата реализација, а јас бев задолжена за надзор при реализацијата на мебелот. Се работеше за тотал дизајн, каде сè беше под наша контрола. Благодарение на овој проект, италијанскиот амбасадор потоа не покани да направиме сценографија за „Италијанскиот ден на Републиката“.

 

Колку често го посетувате Скопје и што Ви недостасува од Италија кога сте тука?

Јелена: Во Скопје доаѓаме еднаш годишно, но би сакале почесто. А што ни недостасува? Во италијанскиот јазик постои еден збор „UMILE“ кој е повеќеслоен и во македонскиот јазик опфаќа повеќе зборови: понизност, скромност, да се остави простор и за другиот, духовно богатство, почит. Тоа е една врвна доблест која за жал, во Македонија многумина ја сметаат за мана.

 

 

konstantinjelena2.jpg

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top