Скопје – Собранието на Република Македонија го поддржа Предлог-законот за прогласување на локалитетот Локви – Големо Коњари за споменик на природата и го даде на натамошно читање.
Со донесувањето на законот ќе се овозможи заштита, зачувување и одржување на живеалиштата, екосистемите и видовите во природна состојба, како и одржување на природно воспоставените еколошки процеси во овој локалитет.
Заменик-министерката за животна средина Соња Лепиткова во образложението
на Предлог-законот истакна дека со него ќе се стави под заштита важен
локалитет препознатлив по вилинското ракче.
– Ќе се стави под заштита многу важен локалитет со акватични еко системи
каде се развива реликтниот и ендемски вид на т.н. вилинско ракче,
единствено опишан во локалитетот Локви-Големо Коњари, кој досега не е
констатиран на ниту едно место во Македонија и во светот. Тоа е главната
причина поради која вршиме прогласување на локалитетот Локви – Големо
Коњари за споменик на природата, рече Лепиткова.
Локалитетот Локви – Големо Коњари се наоѓа во југоисточниот дел на
Прилепско поле. Оддалечен е околу 10-тина колометри од Прилеп, а негов
основен белег се минијатурните екосиситеми како што е вилинското ракче.
(МИА)