Амстердам – Индустриската емисија на јаглерод диоксидот, гас кој се смета за главен виновник за глобалното затоплување, во светот минатата година бележи стагнација благодарение на тоа што рецесијата го забави производството во богатите земји, но тоа е анулирано со растот на емисијата во Кина и во Индија, соопшти Холандската агенција за оценка на животната средина.
Во соопштението на Агенцијата се наведува дека лани за прв пат од 1992 година не е регистриран годишен раст на емисијата на јаглерод диоксид, настанат со согорување на фосилни горива, производство на цемент и со работењето на хемиската индустрија, кои се клучни извори на тој гас.
Во предвид меѓутоа не е земена емисијата на јаглерод диоксидот како последица на дефорестизацијата, шумските пожари и распаѓањето на биомасата, што вкупната емисија на тој гас во светот би можело да ја зголеми за други 20 проценти.
Емисијата на јаглерод диоксидот во главните индустриски развиени земји минатата година е намалена за седум проценти или 800 милиони тони, но тоа е компензирано со растот на емисијата во Кина од девет проценти и во Индија од шест отсто, се истакнува во извештајот.