Успехот, во однос на останатите, го темелиме врз основа на своите три основни
принципи, кои цело време при работата ги држиме како константа, а тоа се: стручност,
одговорност и исполнителност, што генерално кажано ретко кој може, односно сака
да ги почитува. Ако до лани имавме разбирање и толеранција за некои пропусти и
недефинираности при работата на Комората, заради нејзиното основање, сега веќе
нема оправдување за тоа. Мој личен предизвик и понатаму останува изградбата на
првата „базно-изолирана“ зграда кај нас во Македонија, но и проектирање на мост
во Скопје на атрактивна локација со „светски“ изглед во конструктивна смисла.
Влатко Коцевски,
основач и сопственик на
специјализираното друштво за
статичко и асеизмичко проектирање
објекти од високоградба и
мостоградба „Статика 001“ Скопје,
по завршувањето на Градежниот
факултет при УКИМ се вработува во
проектантското биро на градежното
претпријатие „Гранит“ од Скопје,
како млад проектант на инженерски
конструкции. Во периодот 1994 –
1997 година заминува во Словенија
на специјализација за конструкции
од областа на мостоградбата и
се здобива со звањето – главен
проектант. Во 1998 година е
прогласен за проектант на годината
и го добива највисокото звање
во областа на проектирањето
– одговорен проектант.
Од 2001 година наваму, Коцевски
навлегува во приватните води.
Тој е сопственик и менаџер на
специјализираното друштво за
статичко и асеизмичко проектирање
објекти од високоградба и
мостоградба „Статика 001“ и веќе
има зад себе 20-годишно искуство
во доменот на проектирањето
градежни конструкции од
најразличен тип: армирано-
бетонски, преднапрегнати,
челични, спрегнати, дрвени.
„Статика 001“ денес е
препознатлив бренд во
градежништвото во Македонија,
но и пошироко во регионот и е
синоним за изработка на квалитетни
проекти од областа на статичкото
и асеизмичкото проектирање на
објекти, како од високоградбата
така и од мостоградбата.
Како фирма направивте убав
јубилеј од десет години постоење.
Како гледате и колку сте задоволни
од досега сработеното?
Најнапред, во овие моменти се
чувствувам горд бидејќи фирмата
што ја поседувам и воедно ја
менаџирам, овие денови направи
јубилеј – десет години од своето
основање. Исто така, не можам да
го скријам своето задоволство за
евидентениот успех, за кој говорат
самите цифри, дали тоа се однесува
на бројот на вработени, каде што
започнав како и повеќето луѓе како
„one man show", за денес фирмата
да брои седум вработени и уште
толку надворешни соработници.
Што се однесува до цифрите
на изработени проекти, само за
илустрација ќе ви кажам дека
во последниве дваесет дена од
минатиот месец, имавме нарачка
буквално на 20 проекти-статика,
од различни типови и големини на
конструкции, а некои и од 20.000
квадратни метри. До денешен
датум, имаме изработено 757
проекти од високоградба и 82
проекти од мостоградбата. Имаме
направено 270 ревизии на проекти и
извршено 59 надзори над изградба
на објекти кај нас во Македонија
и во странство. Не постои тип на
објект од високоградба: куќа, вила,
станбена зграда, деловна зграда,
хотел, мотел, трговски центар,
училиште, болница, црква, манастир,
фабрика, силос, фарма за добиток,
дистрибутивен центар, индустриска
хала, спортско игралиште, базен,
планинарски дом, бензинска
станица, телекомуникациска
станица, аеродромска зграда,
судска палата или некој друг
објект на државна институција,
за кој фирмата нема изработено
барем еден проект-статика. Ова се
однесува и за типови на објекти од
мостоградба, како што се потпатник,
натпатник, мост или вијадукт.
Покрај споменатите податоци кои се
тие човечки и технички квалитети,
и начин на работа по кои сметате
дека се разликувате од вашите
колеги кои ја вршат истата дејност?
Успехот, во однос на останатите,
го темелиме врз основа на своите
три основни принципи, кои цело
време при работата ги држиме
како константа, а тоа се: стручност,
одговорност и исполнителност,
што генерално кажано, ретко кој
може, односно, сака да ги почитува.
Што се однесува до човечките
ресурси, како што споменав
погоре, фирмата брои 7 градежни
инженери-конструктивци, од кои
еден магистер по градежништво
и двајца кандидати магистри.
Инаку, проектантите во „Статика
001“ претставуваат добро
истрениран и организиран тим,
кој е способен во секој момент
да одговори и на најголемите
предизвици при проектирањето.
Исто така, во фирмата многу се
инвестира, посебно во обучувањето
и надградбата на помладите
проектанти на кои секојдневно
несебично им се откриваат
„тајните на проектирањето“. Во
делот на техничка опременост,
ние располагаме со најновите
светски достигнувања, посебно во
областа на компјутеризацијата.
Што се однесува до софтверот,
нашата фирма е секогаш меѓу
првите во имплементацијата на
најновите софтверски решенија
во проектирањето градби, а
најповеќе за специјализираниот
софтвер од својата област.
Колку овластени статичари
има во Македонија во однос
на вкупниот број на градежни
инженери? Според вас, колку треба
да ги има за да функционираат
работите како што треба?
Не ја знам точната бројка
на статичари, но ако бројот на
овластени градежни инженери од
сите насоки изнесува официјално
1.700 членови во цела држава, тогаш бројот на овластени конструктивци
(статичари) би се движел околу
850. Прашањето е колку од нив
вистински се обучени да одговорат
на задачите, затоа што денес,
отворено да зборуваме, имате лица
„статичари“ кои имаат овластувања
за проектирање добиени со
референтни листи од минатото,
кога навистина биле активни, но
сега последниве 10-ина години не
се занимавале се проектирање, а да
не говориме за нивно пратење на
светските текови во проектирањето.
Имате и лица „статичари“ кои
добиле овластувања само со
неколку изработени проекти,
што правилникот за добивање
овластување за самостојно
проектирање тоа им го дозволува.
Така што бројот на статичари е
навистина мал во Македонија, но од
друга страна, тој број во овој момент
е сосема доволен затоа што нашиот
пазар е мал, а ние тешко успеваме
да ги прескокнеме границите.
Според вашето искуство, за каков
квалитет зборуваме во Македонија
кога се во прашање градежните
и архитектонските објекти во
последниве децении од аспект
на статичкото и асеизмичкото
проектирање на објекти?
Одговорот на ова ваше прашање,
на некој начин, веќе е содржан во
претходното мое образложение за
тоа каков потенцијал на проектанти-
статичари циркулираат на нашите
простори. Тоа секако се одразува
и врз квалитетот на статичката и
сеизмичката стабилност на самите
објекти. Пред десетина години
постоеја големите градежни
фирми како „Гранит“, „Бетон“,
„Пелагонија“, „Маврово“, „Илинден“,
каде што „занаетот" се предаваше
од поискусните на помладите
проектанти, па затоа излегуваа
квалитетни проекти, а со тоа и
цврсти и сигурни градби. Сега, за
жал, некои од нив не постојат, па
повеќето млади колеги се оставени
сами на себе и се „самоуки". Од
друга страна, нив законски им е
дадена можност само со неколку
изработени проекти да се здобијат
со овластување за самостојно
проектирање на најразличен тип
конструкции, со кои најчесто за
првпат во својата пракса и се
сретнуваат. Ако на тоа го додадеме
и контроверзниот член 59-а од
Законот за градење од 2011, каде
што за индивидуални објекти до 300
квадратни метри се укина ревизијата
на проектите, но и надзорот
над изградба на објектот, тогаш
потполно го оправдувам стравот
на сè повеќе граѓани при изборот
на својот иден дом за живеење.
Што е потребно за да дојде до
професионална соработка и
квалитетно препознавање меѓу
искусни статичари, проектанти,
архитекти, изведувачи, инвеститори
– значи соработка од која и самите
граѓани ќе почувствуваат добробит
и квалитетни резултати?
Морам да признаам дека оваа
конекција меѓу горепосочените
странки сè повеќе и повеќе се
развива, а посебно последниве
години. Попластично кажано, секој
искусен инвеститор чија основна
дејност е изградба на објекти,
а тоа за мене значи инвеститор
кој има изградено барем еден
свој објект, веќе знае и осетил на
свој грб што значи (не)квалитетен
проект. Затоа тој за својот нареден
објект, силно настојува да ги има
во својот тим најквалитетните
статичари, архитекти, изведувачи
и останати фазисти. Проблемот
се појавува кај инвеститорите
што градат за себе индивидуални
објекти (куќи), каде што немаат
доволно (никакво) искуство при
изборот на поквалитетни проектанти
или изведувачи, и потоа доста
често ги следат проблеми од
најразличен вид при изградбата,
додека некои пропусти и
недостатоци во проектирањето или
изградбата, остануваат засекогаш
„забетонирани" или можеби (не дај
боже) до првиот појак земјотрес.
Учестувувате во изградбата на
некои зданија кои влегуваат
во проектот „Скопје 2014".
Кажете ни за кои објекти се
работи и до каде е работата?
Морам да кажам дека ми е чест
што учествував во проектирањето
на некои од објектите попознати
како „Скопје 2014", а тоа се, секако,
најмаркантниот од нив, Уставниот
суд со Археолошкиот музеј и
Архивот на Македонија, потоа
цркавата Св. Константин и Елена,
а се појавувам и како соработник
при проектирањето на мостот „Око". Инаку, веќе се гледа дека Уставниот
суд со својата носива армирано-
бетонска конструкција е завршена и
на ред е фасадата. Кај мостот „Око"
направени се темелите, па сега се
прават лаците на мостот, додека
цркавата ќе се прави во иднина.
Кога се случуваат злоупотребите
од аспект на статички сигурни и
асеизмички безбедни констукции
во градежништвото во Македонија?
Како луѓето да бидат заштитени
од овие злоупотреби?
Во принцип, секоја злоупотреба
се прави кога нема никаква или
пак има недоволна контрола врз
таа работа, па истото ова важи и во
градежништвото. Со други зборови,
ако имате несоодветна ревизија
(техничка контрола) на проектот-
статика, а потоа имате неквалитетен
надзор над изградбата на објектот
или пак, ако воопшто го немате и
надзорот и ревизијата, како што
налага најновиот член 59-а од
Законот за градење за индивидулани
куќи до 300 квадратни метри,
тогаш последиците можат да бидат
несогледиви од безбедносен аспект.
Во последниов период сте
фокусирани врз мостоградбата.
Кажите ни на кои проекти
работите и во која фаза се?
Да, еден сектор од нашата фирма
е ангажиран на проектирање објекти
од мостоградбата. Последниве
неколку години бевме силно
ангажирани на изработка на проекти
за повеќе од 40 објекти (мостови,
вијадукти, натпатници, потпатници)
на коридорот К-8 или попознат
како автопат кој ќе ги поврзува
Македонија со Бугарија и Албанија.
Тие се веќе целосно завршени. Оваа
година, само што го изработивме
проектот за натпатникот на клучката
кај влезот на аеродормот „ТАВ“
во Петровец, потоа го предадовме
проектот за АБ мост во Косово
кај Злокуќане и уште еден мост
на р. Лепенец за познат приватен
инвеститор. Моментално сме во
фаза на изработка на проекти
за мостови на некои регионални
делници во источна Македонија.
Колку се имплементираат светските
достигнувања од доменот на
асеизмичкото проектирање
на градби кај нас? Кажете ни
некои изградени примери кои се
сооднос со новите технологии?
Ако се
потсетиме дека
нашиот Правилник
за асеизмичко
проектирање на
објекти е од 1981
години, тоа значи
дека цели 30
години државата
или нејзините
компетентни
институции не
направиле ништо
официјално на
ниво на закон
или правилник,
некои од светските
достигнувања
од доменот на
асеизмичкото
проектирање да се
имплементираат
и кај нас. А, пак,
за градби со нови
технологии и да не говориме.
Кои се тие најнови светски
технолошки достигнувања
и градежни материјали во
вашата област, а кои кај нас
сè уште немаат примена?
Топ тема во последниве
години, како од високоградбата
така и од мостоградбата, се
изведба на објекти со примена на
„пригушувачи“ на осцилациите
на објектот, како и употреба
на „дисипатори“ („јадачи“) на
енергијата од земјотресот. Една од
најчесто применуваните асеизмички
Црква Св. Константин и Елена
3Д математички модел