Насловна / Градежништво / Инјектирање и санација на хидротехнички објекти и тунели

Инјектирање и санација на хидротехнички објекти и тунели

injektiranje-i-sanacija-1.jpgВо организација на компанијата АДИНГ АД Скопје, и во соработка со
Градежниот Факултет – Скопје, Комората на овластени архитекти и
овластени инженери и Друштвото за геотехника на Македонија, пред голем
број слушатели, беше одржана презентација на тема "Оптимализација и
рационализација при санација на хидротехнички објекти со техника на
инјектирање и санација на тунели со материјали од програмата на TPH".

 

Специјален гостин – предавач беше господинот Пауло Цингос, менаџер за примена на материјали во компанијата TPH Bausysteme, кој ја претстави програмата на TPH – технологиите на инјектирање и санација на хидротехнички објекти и тунели. Компанијата TPH Bausysteme GmbH, со седиште во Хамбург, Германија, се вбројува помеѓу светските лидери во развојот на нови технологии и материјали наменети за инјектирање и санации на конструкциите. Притоа, TPH поседува и долгогодишно искуство при изградба и санација на капитални инженерски објекти (тунели, рудници, брани и други ХТО објекти).

 

injektiranje-i-sanacija-1.jpg

 

Ваквото акумулирано искуство беше сублимирано во презентацијата, составена од три целини и збогатена со преглед и анализа на повеќе практични (изведени) објекти. Првиот, теоретски дел од презентацијата имаше за цел да ги дефинира и класифицира различните материјали наменети за инјектирање и санации. Притоа беше истакнато дека во зависност од својствата, материјалите за инјектирање можат да се класифицираат во две основни групи. Во првата се водни суспензии на цемент, адитиви и други додатоци, а во втората Њутновите флуиди – раствори на смоли на база на епоксиди, акрилати, уретани (полиуретани) и др. Вториот дел од презентацијата ги анализираше различните материјали од аспект на нивната примена за решавање на конкретни проблеми кои се јавуваат во конструкциите.

 

injektiranje-i-sanacija-2.jpg

Слушателите беа запознати дека генерално, со инјектирањето можат да се постигнат три цели: oбезбедување водонепропустливост, консолидација (зацврстување) и заполнување на медиумот во кој се врши инјектирањето. Притоа изборот на материјал зависи од бараните својства – вискозност, јакосни карактеристики, брзина на реакција, атхезија со подлогата, еластичност, трајност, отпорност на хемиски агресии, можност за експанзија, наспроти достапноста и цената на чинење. Во завршниот дел на презентацијата беа анализирани повеќе конкретни примери на тунели и хидротехнички објекти санирани со користење на различни типови на материјалите од програмата на TPH.

injektiranje-i-sanacija-3.jpg

 

injektiranje-i-sanacija-4.jpg

 

Притоа, особен интерес кај слушателите побудија експандирачките материјали наменети за спречување на активни продори на вода, како и материјалите за консолидација на почви и инјектирање на фуги и пукнатини кај бетонските конструкции. Како еден од референтните објекти кои беа демонстрирани е и санацијата на брана во склоп на рудникот Бучим – Радовиш, извршена од страна на РЕ-КО инженеринг, во соработка со АДИНГ од Скопје.

 

Никола УЗУНОВ, дипл.град.инж.

Испрати коментар

Scroll To Top