Насловна / Архитектура / Египетските пирамиди транформирани во „био-пирамиди“

Египетските пирамиди транформирани во „био-пирамиди“

Деградацијата на земјиштето во пустините се шири со алармантна брзина насекаде во светот, и во обид да се промени еден од најголемите енвиронменталистички проблеми во нашата денешница, англиска компанија предложува амбициозно решение, односно т.н. „Био-пирамида“. Принципот на овие пирамиди е базиран на постоечките египетски пирамиди кои се трансформирани во стаклена градина, еден вид био-сфера која ќе функционира како „машина за живеење“. Оваа био-пирамида би користела внимателно одбрани и култивирани микроклими со цел да се постигне одржливиот развој, ќе овозможи создавање на вертикални фарми, структури за прочистување на водата, само-создавање на енергија итн.

био-пирамиди-1

Неконвенционалниот супер-хибрид на пирамидата се очекува дека ќе направи разлика на глобално ниво. Структурата со вкупна висина од 390 метри ќе има подземен резервоар за вода со која ќе се снабдува целиот објект. Во прилог на зачувувањето на земјоделските и историските цели, во склоп на објектот ќе се појават музеј, пазар, лабаратории за истражување, туристички атракции и универзитет.

био-пирамиди-2

био-пирамиди-3

био-пирамиди-4

био-пирамиди-5

 

Еден коментар

  1. SVE E SUPER. I KE VLEZAT .. TURISTI.. I SE KE LETNE VO VOZDH.

Испрати коментар

Scroll To Top